Амбуланти

Амбулантскиот дел се состои од приемен дел, чекална, две консултативно-специјалитички амбуланти и шест субспецијалистички амбуланти, а опфаќа и кабинетска работа.

Стационар

Болничкиот дел на Клиниката располага со 65 болнички соби, со капацитет од 129 болнички кревети. Сите соби имаат природна светлина и се опремени со посебен тоалет и туш кабина.

Научно-наставно дејност

Универзитетската клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби е единствена академска установа во Р.С. Македонија, која спроведува едукација по предметот Инфектологија за студентите по медицина и стоматологија.

Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби е врвна медицинска установа која обезбедува високо стручна и квалитетна здравствена заштита и третман на пациенти според воспоставени стандарди и доктринарни ставови.

Големиот број на пациенти, достапните дијагностички и тераписки можности се одраз на успехот и квалитетот на здравствените услуги што ги дава Клиниката, но и предизвик за континуирано понатамошно унапредување.

Следењето и применувањето на сите нови методи и процедури во медицината, континуираната стручна едукација на вработените, како и следење и набавка на нова, технолошки најсовремена медицинска апаратура и опрема претставува императив за одржување на постоечкиот, изграден рејтинг на установата.

Согласно обврските што произлегуваат од чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на Република Северна Македонија бр.101/2019), имателот на информации – ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ СКОПЈЕ, Ве известува за следново: Службено лице за слободен пристап до информации од јавен карактер во ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје е Д-р Марија Јанеку Карталова, доктор специјалист

Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со пополнување на – Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Министерството или да го симнат тука.